Делумното работење на Градскиот пазар во Велес, им овозможи на локалните власти да направат негово уредување.

На горниот дел на пазарот позади Основно училиште Панко Брашнаров, каде што пред започнувањето на рестриктивните мерки, како од здравствените, така и од локалните власти, секој пазар ден се наоѓаа дивите тезги, повеќе нема да ги има.

Градските власти овој простор го искористија за одбележување на паркинг простор.

Ќе видиме дали и на дело ова ќе се реализира по започнување на редовно работење на пазарот.

Фотогалерија