Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и првата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски.

Градоначалникот Коцевски ја пренесе и информацијата дека повеќе нема медицински персонал од Велес кој се наоѓа на испомош во Градската Општа болница „8 Септември” во Скопје.

Исто така додаде и дека во последните 24 часа не е регистрирано заболено лице од Ковид 19 во Велес и велешко.

Вкупната бројка на заболени со Ковид-19 изнесува вкупно 209 лица, од нив 172 оздравени, 13 починати и 24 се водат како активни случаи.