Неколку дена по ред во Велес има пријавено напад од куче скитник. За овој проблем во нашиот град сеуште не е изнајдено решение. На улиците низ градот има стотици кучиња скитници, кои преставуваат опасност за сите велешани.

Денешниов случај е 5ти во низа за изминативе неколку дена. Секојдневно општина Велес се соочува со тужби од граѓани кои пријавуваат дека се нападнати од кучињата низ градот.

Во денешниот билтен на СВР Велес е заведено дека на 31.05.2020 околу 10.00 часот , Г.Н.(71) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Исто така на главната улица Благој Ѓорев вчера има пријава и од друг велешанец. Локалните власти и здруженијата за заштита на животните треба што поскоро да изнајдат начин за решавање на овој проблем.