Во текот на вчерашниот ден околу 14:30 часот била извршена тешка кражба од страна на непознато лице. Имено, 80 годишна жена била нападната во нејзиниот дом при што и бил одземен накит и мобилен телефон.

Случајот го потврдија и од СВР Велес.

На 28.10.2020г во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот едно лице физички ја нападнало Љ.Б.(80) во нејзиниот дом на ул.„Цар Самоил“ во Велес, и ѝ одзело накит и мобилен телефон. Бил извршен увид на местото на настанот.