фото/илустрација

Страотна сообраќајна несреќа вечерва околу 19 часот се случи на влезот на Велес. Воз кој се движел на линијата Велес- Гевгелија удрил во автомобил Рено, кое излетал на пругата кај кланицата Агриа.

Во возилото Рено, имало 5 лица од кои 3 мажи, една жена и едно мало дете.

Едниот патник од возилото се здобил со тешките телесни повреди, додека на другите патници не им е позната здравствената состојбата.

На лице место интервенирала територијалната противпожарна единица.

Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на линијата Велес- Гевгелија.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат подетални информации за оваа сообраќајна несреќа.