Епидемијата од корона вирусот почнува да остава последици по економијата во Македонија.

Повеќе од два месеца во Македонија, а и Велес сите ресторани, хотели и кафетерии не работеа. Поголем дел и од компаниите времено го затворија своето производство, а дел и целосно ги затворија своите капацитети.

Малите бизниси во Велес се најпогодени од оваа криза. Низ Велес се почесто може да се забележат затворени продавници.

Според податоците од бирото за вработување во Велес, за два месеци во Велес без работа останале 408 луѓе или во процент скоро 10% е зголемен бројот за разлика од месец март.

Во месец март бројот на невработени во Велес изесувал 4225 активни баратели на работа, додека неешната бројка на невработени изнесува 4633.

За овој сериозен проблем со зголемување на невработените во Велес и велешко денес свои статус имаше и носителот на изборна единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Чевлите пред Влада на Република Македонија останаа од црната кампања. Ветувањата за животот ги беа заборавиле…

Gepostet von Igor Janushev am Mittwoch, 10. Juni 2020