На подрачјето на СВР Велес со решение за изолација има 124 лица од кои 96 во Велес, 12 во Кавадарци и во 16 во Неготино. Во овој период нови лица со решенија за самоизолација нема, а со изјава за самоизолација се вкупно 88 лица од кои 62 во Велес,13 во Кавадарци и 13 во Неготино.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, сите денови од викендот при контроли на полицијата сите лица ги почитувале мерките на изолација и самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале осум лица, и тоа четири во Велес, едно во Кавадарци и три во Неготино.

Инаку, вчера шест лица не ја почитувале забраната за движење од кои четири во Велес и двајца во Неготино.

На подрачјето на СВР Велес жителите на Велес, Кавадарци и Неготино најпримерни биле во петок спрема сабота кога сите го почитувале полицискиот час