фото (вечер.мк)

Во текот на изминатото деноноќие, 11/12.05.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес нема регистрирано лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период нeма нови регистрирани лица со Решенија за изолација и со Изјава за самоизолација. Вкупно со Решение во изолација има 157 лице, од кои 152 во Велес, пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 43 лица, од кои 27 во Велес,  девет во Кавадарци и седум во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.