Фото: тиме.мк

Министерството за внатрешни работи информира за пожарот кој синоќа избувна во локал во Трговскиот центар Мавровка.

-Околу 01.50 часот во Скопје, на бул.„Гоце Делчев“ настанал пожар во угостителски објект „Фонтана“, сопственост на М.А.(34), при што целосно била опожарена терасата. Повредени лица нема, информира МВР.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.