Изминативе неколку дена, осветлувањето на главната улица Блаој Ѓорев од Касарната во Велес па се до игралиштето во населбата Тунел.

Граѓаните револтирани, секојдневно објавуваат на социјалните мрежи поради мракот на овој потег. Тие велат дека навечер, со страв минат на главната улица, најмногу заради големиот број на кучиња скитници, но и заради непрегледноста на улицата.

„Преку сметките за струја кои ги плаќаме секој месец, плаќаме и за уличното осветлување, а секоја вечер со страв минеме по оваа темна улица“, коментар од велешанец на една од објавите на нашиот портал.

„Нашите деца секоја вечер минат по овој мрак, со страв си одат дома“ стои во друг коментар.

Од општината нема никаков коментар за оваа состојба. Граѓаните бараат брзо решавање на овој проблем.

До нашата редакција пристигна видео од состојбата на главната улица кај касарната Бауман.