Времето денес беше променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Имаше облачно време проследено со пороен дожд и грмежи. Дуваше умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Максималната температура изнесуваше 23 степени.

Времето утре исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе се движат од 12 до максимални 24 степени.