Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието испрати Барање до МНР за достава на Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до членките на ЕУ.

Милошоски побара министерот Османи да достави Информација за како што пишува, Меморандумот испратен од страна на Република Бугарија до членките на ЕУ, кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија.

Тој додава дека за ова потребна е и посебна седница на Комисијата за надворешна политика, со учество на ресорниот министер.

-Барање до МНР за достава на Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до членките на ЕУ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Барање до МНР за достава на Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до членките на ЕУ!

Gepostet von Antonio Miloshoski am Freitag, 18. September 2020