Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вклучувањето во вестите на телевизија Телма истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стои на своите приниципиелни ставови во однос на оддржувањето на предвремините парламентарни избори на лидерската средба.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака избори, но избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

Мицкоски говореше и за документот на Венецијанската комисија кој укажува на тоа дека по завршувањето на вонредната состојба потребни се најмалку 60 дена за да се оддржат парламентарни избори,

Јас одбивам да разговарам како на зелен пазар, најпрво би сакал да ги слушнам аргументите од страна на здравствените власти, здравствените работници, лекарите кои што се најповикани за тоа дали ризикот по здравјето на граѓаните е тој по кој што ќе се водиме кога ќе ја определуваме датата на следните избори. А потоа би сакал да го слушнам и претседателот на Државната изборна комисија кој што исто така треба да каже пратктично колку денови му се потребни за оддржување на едни вакви предвремени парламентарни избори. Секако се разбира тука е и оној документ на Венецијанската комисија кој што станува се поактуелен, а тоа е дека по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат тие предвремени парламентарни избори, или парламентарни избори воопшто. Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со принципиелни ставови на лидерската средба сакаме да има избори ова лето, сакаме да имаме избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните, вели Мицкоски.