Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува на 12 мај низ целиот свет, на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел. Меѓународниот совет на медицински сестри го одбележува овој значаен ден секоја година со производство и дистрибуција на (IND) комплети кои содржат образовни и јавни информативни материјали, за употреба од страна на медицинските сестри насекаде.

Иако генерално се планираат околу 12 мај, активностите од овој ден продолжуваат и преку целата година.

Оваа година Денот на медицинските сестри се обележува во ек на пандемија.

Медицинските сестри се во првите борбени редови во борба со Ковид 19 и негово ширење. Секојдневно се соочуваат со нови предизвици со овој непознат непријател. Тие заедно со сите медицински лица, се најзаслужни за спречувањето на овој вирус со нивната неуморна посветеност секој ден изминативе месеци.

Затоа, огромна благодарност за се она што денес го прават за здравјето на сите граѓани.

Честит меѓународен ден на медицинските сестри 12 Април.