Страшна вест доаѓа од Кавадарци, поточно од Росоман каде што во сообраќајна несреќа, животот го загуби 25-годишниот капитен на ФК Росоман Саше Гелов. Сообраќајката се случила пред неколку дена, а Гелов им подлегна на повредите на скопските клиники.

Гелов е поранешен фудбалер на Вардар Неготино и на Хоризонт Турново.

Фудбалскиот клуб Росоман на својата Фејсбук острана објави дека животот го загубил капитенот на овој тим Саше Гелов.

“23.04.2020, тажен ден за нашата Општина Росоман и луѓето што живеат тука. Изгубивме другар, пријател, брат и голем спортист. Почивај во мир, КАПИТЕНУ!“, стои во објавата.

23.04.2020, тажен ден за нашата Општина Росоман и луѓето што живеат тука. Изгубивме другар, пријател, брат и голем спортист.Почивај во мир, КАПИТЕНУ! 😔😔😢😭

Gepostet von ФК Росоман 83 am Freitag, 24. April 2020