Македонската Еспорт репрезентација стартуваше со победа против Србија на Првиот Европски Куп на Нации.

Нашата селекција претставувана славеше победа против Србија во играта „Лиг оф леџендс“. Во групата Б се наоѓаат уште репрезетанциите на Чешка и Грузија. Македонија ќе се натпреварува уште во две игри.

Во „Кантер страјк ГО“ е во група А заедно со Унгарија и Белорусија, а нашата земја ја претставува „ГОДЗ1334“, а последната игра е „ПЕС2020“ во која ќе не претставува Давид Гаревски, кој ќе игра во групата Б со Белгија, Чешка и Белорусија.