Барса остана без третиот најдобар стрелец во историјата, и најавува купување на нов напаѓач.

Луис „Пистолеро“ Суарес од пред неколку часа и официјално е нов член на Атлетико Мадрид. Уругвајскиот напаѓач го комплетираше трансферот од Барселона во Атлетико, и ќе биде големо засиливање за Јорганџиите. Договорот уште не е потпишан, бидејќи прво треба Суарес да ги мине лекарските тестови.

Ова е своевидна одмазда на Атлетико кон Барса за ланскиот трансфер на Антоан Гриезман, со тоа што Атлетико ефтино го доби Суарес, додека Барселона за Французинот плати отштета од 120 милиони евра.

Од Барселона имаа емотивно збогување со својот трети стрелец во историјата, во следната сезона Луис на „Камп Ноу“ ќе игра како гостински фудбалер, а од клубот најавуваат дека ќе ангажираат нов напаѓач. Кандидати се Мемфис Депај кој е барање на тренерот Роналд Куман, или Лаутаро Мартинес за кој се залага Лионел Меси.