Не се баш најдобри вестите кој доаѓаат од Англија после направените тестови од корона. Од Англиската Премиер лига соопштија дека изминатите 2 дена се направени тестирања на сите играчи и членови од сите 20 клуба во Премиер лигата.

„Денес Премиер лигата може да потврди дека во неделата и понеделникот се тестирани 748 играчи и членови на клубовите“ стои во соопштението на службената страница на Премиер лигата

Шест лица се позитивни на тесирањата од вкупно 3 клуба, ама сеуште не е познато за кои клубови станува збор, и дали се работи за играчи или тренери или помошници тренери. Сите заразени ќе одат во самоизолација во период од 7 дена.

„Премиер лигата нема да објави детали за клубовите или поединците поради законските одредби во Англија“ се додава во соопштението.

Денес клубовите во Премиер лигата им беше дозволено да започнат со мали групни тренинзи, каде што ќе бидат почитувани препораките за социјална дистанца и да нема физички контакт.

Неофицијално Премиер лигата треба да започне на 12 јуни, но сеуште постојат голем број на ризици за одлагање на стартот на најквалитетното првенство во Европа.