Вчера околу 18 часот 40 годишник од Куманово бил каснат од куче скитник во Велес, на улицата 11-ти Октомври, во близина на фабриката Брако. Кумановецот веднаш го пријавил случајот во СВР Велес.

На 08.10.2020 околу 18.30 часот во СВР Велес, С.Д.(40) од Куманово пријавил дека на ул.„11-ти Октомври“ во Велес бил каснат од куче скитник, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.