Во просториите на велешката касарна Алексо Демниевски Бауман денеска се одржа крводарителска акција. Припадниците на Армијата денеска даруваа вкупно 25 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 23 беа од машки пол, а две од женски.

Овие резултати се многу добри, ако се има во предвид фактот дека во моментов во касарната нема војници доброволци и дека даруваа само професионалните војници, офицерите и подофицерите кои се на служба во Велес.

Акцијата седнички ја организираа Инситутот за трансфузиона медицина и Општинската организација на Црвен крст од Велес. На истата се превзедоа мерки за безбедност како превенција од ширење на COVID 19 вирусот.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНАВо просториите на велешката касарна Алексо Демниевски Бауман денеска се…

Gepostet von Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес am Mittwoch, 10. Juni 2020