На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски брифираше за состојбата со здравствената состојба од пандемијата во Велес и истакна дека имаме 6 нови случаи на заразени лица во градот и еден оздравен.

Градоначалникот исто така ги посочи и жаришатата, а се две села во околината на  Чашка и Велес, еден од случаите е поврзан со улична тепачка на улицата „Маца Овчарова”, еден е поврзан со велешанка која работела во конфекција во Штип, еден пациент е откриен при преглед на проблем со ногата, а еден пациент е пријавен од страна на матичен лекар.

„Се знае кои се кластерите и се надевам  дека со епидемиолошките анкети ќе бидат опфатени сите инволвирани и сите што имале блиски контакти ќе бидат тестирани за да спречиме понатамошно ширење на инфекцијата во кругот на семејствата, пријателите и луѓето со кои тие контактирале“ – изјави Коцевски.