(ФОТО) juka.mk

Конфекцијата Јука од саботата престанала со работа. Ова го тврди градоначалникот Коцевски по телефонскот разговор со сопственикот на оваа конфекција кој тој го остварил денес.

-Пред денешниот состанок на Кризниот штаб имав разговор со сопственикот на конфекцијата ЈУКА. 10-тина од ново заразените се токму од конфекцијата. Ме извести дека од саботата, со одлука на менаџметот на компанијата, одлучиле да прекинат со производството. Во моментов само 15 тина вработени лица од администрацијата се на своите работни места, истакна Коцевски

Тој додаде дека нема потреба од вознемиреност и паника на велешани, бидејќи на поголемиот број на ново заразени од коронавирусот се знае нивниот кластер. Исклучок се двајца пензионери, маж и жена кои сеуште не познато од каде се заразиле.

-Би сакал да упатам апел до нашите сограѓани и покрај тоа што бројот на заболени се зголемува, нема место за паника и вознемиреност, бидејќи точно е лоцирано, со исклучок на двајца пензионери кои седеле дома, немале контакт со никого, според изјавите што ги дале на здравствените лица, оделе само во аптека и во продавница за прехрамбени производи а се заразени, за сите други точно може да се утврди од каде потекнува нивната зараза и дека се шири во одреден круг на луѓе, блиски нивни во фамилијата. Нема потреба во Велес за вознемиреност и паника, додаде градоначалникот.

Одговорот можете да го видите на 10:01 минута

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски – 07.05.2020

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски – 07.05.2020

Gepostet von Општина Велес am Donnerstag, 7. Mai 2020