10 C
Veles
петок, 30 октомври, 2020 | 09:54

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш северна, само Македонија“- Шекеринска дрско до новинарите: Сметате дека е подобро да им правиме малку реклама?

744

Владината делегација предводена од Радмила Шекеринска, која денеска беше да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев, од група на граѓани беше пречекана со извици „Никогаш Северна, само Македонија“.

Пораката до Шекеринска и владата на СДСМ и ДУИ беше испратена токму пред вицепремиерката и министерка за одбрана да даде изјава за новинарите.

Кога новинарските екипи ги свртеа камерите за да снимаат што граѓаните им порачуваат на делегацијата, Шекеринска ги праша:

Да, така сметате? Дека е подобро да им правиме малку реклама? Луѓето мислат дека заслужуваат сами да си добијат медиумско време, а не преку нас, рече Шекеринска и одбиваше да даде изјава додека извиците не прекинат.

🔴 [ВО ЖИВО] Додека министерката Шекеринска се подготвуваше за изјава пред медиумите, навивачки групи скандираа

🔴 [ВО ЖИВО] Додека министерката Шекеринска се подготвуваше за изјава пред медиумите, навивачки групи скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“

Gepostet von TV21 am Montag, 4. Mai 2020

Владата на СДСМ е најгласна кога зборува за слободата на медиумите и транспарентноста, но во пракса тоа малку поинаку изгледа.