Комисијата за заразни болести ќе го достави својот предлог до Владата за повторно да се врати полицискиот час.

Според извори на локално.мк, полицискиот час ќе почнува од 22 часот до 5 часот и ќе важи за критичните места каде има зголемен број на заболени од короанвирусот.

Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1.226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.

Извор: Локално.мк