Ако за време на возењето ви се активира сијаличката која укажува дека возилото се движи со резервата на гориво, некои возачи ќе ги фати паника, додека други ќе ја „исцедат“ и последната капка.

Тоа не се препорачува, бидејќи честото возење на минимум може да доведе до оштетување на пумпата за гориво, но и филтерот а гориво во кој може да влезат ситни нечистотии или талог од дното на резервоарот.

Колку автомобилот може да помине на резерва?

Многу мерења се направени и истражувања, но само вие може да знаете колку вашиот автомобил троши во просек. Се претспоставува дека во резервата остануваат околу пет литри гориво, но до точната количина ќе дојдете на едноставен начин.

Кога ќе се активира резервата, наполнете го резервоарот цел. Одземете го тој број од капацитетот на резервоарот според фабричките податоци (на пример 55 минус 49). Ќе ја добиете количината на горивото кое ви останува по активирање на сијаличката. Погледнете ја просечната потрошувачка, па споредете со колината на горива кое ви останува.

Некои возила ќе поминат повеќе од 70 километри на резерва, додека други помалку од 40 километри. Тоа зависи од стилот на возење, дали возите во град или на автопат каде се троши повеќе гориво или на патиштата со ограничување од 80 километри каде ќе бидете најекономични.

Сепак, поради ваша сигурност добро е да знаете колку гориво ви останува во резервоарот како резерва.