Маж со сите го споделил она што му го раскажал колега за својата девојка, која на крајот и самиот ја видел.

Имено, колегата зборувал дека девојка му се здебелила, не се дотерувала и не работи, пренесува „Mirror“.

„Еден помлад колега во последно време постојано ми се жали на неговата девојка дека таа ништо не работи, бидејќи сега останала без работа поради коронавирусот и дека се здебелила и не се дотерува како претходно. Пред некој ден колегата заборави нешто на работа, па ме замоли да му го однесам кога ќе одам накај дома. Луѓе мои, девојката е преубава, не знам каква била претходно, но воопшто не е дебела. Уредна коса, солидно облечена, сè нормално. Кога дојдов, таа ги пеглаше неговите алишта. Ме покани да влезам на кафе. На масата имаше колачи, овошје и цвеќе во вазна. Сè уредно и чисто. Не сум многу повозрасен, некои 15-на години, но ми доаѓа да го ‘подберам’ како да ми е син, нема поим што има, а само се жали“, напишал човекот.

Многумина во коментари се согласиле дека повеќето мажи сакаат да имаат нешто ‘на страна’ и не ја вреднуваат личноста која ја имаат дома, пренесува „Mirror“.