Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција изјави дека денес ќе биде објавено дека во Велес има 4 новозаразени од коронавирусот.  Коцевски објасни дека станува збор за двајца членови на исто семејство, еден е припадник на граничната полиција заразен на работа во Гевгелија, и еден од ГОБ во Скопје.

„Од почетокот на епидемијата во Велес и велешко вкупно има заболено 137 лица, од нив 96 се оздравени, додека пак 37 се активни случаи од кој 17 се наоѓаат на домашно лекување, а 11 се наоѓаат на Инфективното одделение во болницата во Велес. Двајца заболени сепренесени во ГОБ 8ми септември, а еден е на Инфективната клиника во Скопје и 10 починати велешани. Значи денес ќе биде објавено дека има 4 позитивни од Велес и велешко“, изјави Коцевски.

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски – 04.06.2020

[🔴 Во живо] Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски – 04.06.2020

Gepostet von Општина Велес am Donnerstag, 4. Juni 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук ги објави денешните резултати во кои стои дека во Велес има само 2 нови случаи позитивни на коронавиорус.

Каде му исчезнаа уште двајца позитивни на коронавирус на Филипче кои ги кажа градоначалникот Коцевски?

Во последниот период, многу граѓаните реагираат дека во одредени  градови не се прикажани реалните бројки и дека се кријат позитивните случаи на коронавиорус. Ваквите различни бројки само ги поткрепуваат тврдењата на граѓаните, но власта е должна да објасни зошто 4 пациенти од Велес станаа двајца.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.- Скопје 67- Куманово…

Gepostet von Венко Филипче am Donnerstag, 4. Juni 2020