Утре е христијанскиот празник Источен Петок или Бакалија, слава на манастирот Св. Вм. Димитрија.

Велешани според христијанските обичаи вечерва палат свеќи за здравје во манастирот „Св.Димитрија“ и околните цркви „Св.Петка“ и „Св.Никола“. Празнувањето продолжува цела ноќ и утредента кога велешани масовно го посетуваат овој манастир.

Фотографии: OFF ROAD Macedonia…

Овој празник, Источен петок- Балаклија и на овој начин и обем се празнува само во две цркви во православието. На ова велешани треба да бидат особено горди бидејќи само уште црквата посветена на Св.Богородица , прочуената Црква на Животодавниот Извор во Истанбул го слави Источен петок Балаклија, како празник на трите свети води, за кои се смета дека имаат исклучително лековито дејство токму на овој празник.

Исто така, нашиот велешки манастир навистина има три свети води, кои велешани како и многу добронамерници ги посетуваат и им оддаваат достојна почит.

Манастирот „Св. Димитрија“ кој првично бил посветен на Пресвета Богородица чија фреска се наоѓа на влезната врата на манастирот, има интересна историја. Манастирот цели  пет века бил затрупан под земја, за да биде сочуван од Османлиите.

Во 1820 година откако на сон му се јавил на воденичарот Петар Здравев од Велес со финансиска подршка на имотните велешани повторно бил откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години наназад ја чуваат оваа традиција-првиот четврток и петок по Велигден на манастирската слава, масовно го посетуваат манастирот кој се наоѓа на неколку километри од градот.

Фотографии: OFF ROAD Macedonia…

Но дали оваа година велешани ќе го слават овој Христијански празник?

Една од причините за прекинување на традицијата оваа година е ограничувањето на движење на граѓаните или полицискиот час, кој од денес започнува од 19 часот. Традицијата на овој празник е велешани денес да го посетат манастирот во вечерните часови. Исто така друга причина за не можноста за посета на храмот е и забраната за собирање во групи на повеќе од 2 лица.

Велешани оваа година имаат и уште еден проблем за посета на манастирот. Веќе неколку недели на регионалниот пат, Велес- Градско се одвиваат градежни работи за санација на падната карпа – Ридот Цуцка на самиот влив на реката Тополка во Вардар. За посета на манистерот велешани треба да поминат 10тици километри, единствен пат кој води до манастирот е преку автопатот.