Полагање на државната матура во јуни или укинување на обврската за оваа генерација матуранти се опциите кои ќе бидат разгледувани на наредните владини седници, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција.

„Размислуваме за целосно укинување на државната матура за оваа генерација матуранти и кога би донеле такво решение, тогаш ќе има потреба од квалификациони испити во тие студиски програми или единици каде ќе има голема конкуренција или матуранти кои ќе имаат ист број на бодови, но за некои од факултетите тоа е веќе позната ситуација“, рече министерот.

Адеми информираше дека на следните седници ќе се разгледа и поширокиот образовен план што треба да се преземе во овој период.