На денешната седницата, Советот на Општина Велес со 13 гласа ЗА и 7 против го избра Кирил Гајдов за нов Претседател на Советот на Општина Велес.

Гајдов е избран на функцијата Претседател на Советот на Општина Велес откако поранешниот Претседател Ненад Коциќ стана пратеник во Собранието на Република Македонија.

Гајдов е трет Претседател на Советот на општина Велес изминатите 3 години. Претходно на оваа функција беше Душко Петров, кој се повлече од функцијата претседател, а на негово место дојде довчерашниот Претседател Ненад Коциќ.

Кирил Гајдов е по професија правник.