Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против П.М.(38) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот закон.

При претрес во неговата викенд куќа на Тиквешко Езеро, атар на с.Брушани, полициски службеници пронашле марухуана и кокаин.