Кавадарчанка го истепала својот поранешен сопруг. Нападот се случил во нејзиниот дом. По кратката расправија таа го нападнала својот бивш сопруг, а тој овој настан го пријавил во полиција.

Во билтенот на СВР Велес стои дека На 12.05.2020 во 23.30 часот  во Полициската станица Кавадарци, Г.П.(38) од Кавадарци пријавил дека околу 18.45 часот во домот на неговата поранешна сопруга Х.П.(32), по кратка расправија, таа физички го нападнала. По документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.