Коњ кој се користел како превозно средство бил малтретиран денес кај поштата во градов, откако паднал на улица влечејќи товар. Според снимката, причината е дехидрираност на животното. Двете лица, кои се превезувале во приколката која коњот ја влечел, го удирале животното, на што изреагирале наши сограѓани кои биле во близина.

„Што правиш, што го маваш? Што не му дадеш вода да пие и да јаде? Од што ќе падне, што мислиш? Вода се нема напиено, остај го. Остај го бе“, на што едно од лицата кое го малтретираат коњот вели: „Ништо не му“, но и покрај ова, авторот на видеото му вели: „Остај го, како ништо не му е! Остај го бе! Остај го да му донесам вода“, а на ова, лицата кои го малтретираат викаат: Абе ќе стане“