Кога некој ќе ја победи битката со ракот ни се полни душата, посебно кога ќе видиме детско лице кое со радост ѕвони на ѕвончето кога ја напушта Клиниката за детски болести.

 

Овојпат Министерот Венко Филипче сподели видео од малиот Онур, кој ја добил битката со ракот и со насмевка ѕвони на ѕвончето пред напуштање на клиниката.

Во објавата напиша: 

Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш!

Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 10. Juni 2020