Македонската актерка Јелена Јована стана мајка. Актерката која на свет го донесе своето прво дете, се породи во Загреб, а за Женскимагазин откри како се чувствува, но и како ќе се вика бебето.

„Се чувствуваме одлично, се породив по природен пат. Го избравме името Јаков“, вели Јелена.

Ѕвездата од серијата „Преспав“ во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кого се запознаа на заедничкото снимање на серијата „Тајни“. Нивната венчавка без многу галама се случи во Загреб.