Денес претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Игор Здравковски на својот фејсбук профил го објави новиот состав на општинскиот комиетет.

Тој потенцираше дека се работи за луѓе кои се докажани во своите сфери на дејствување, проверени кадри кои низ годините носеле многу победи, луѓе кои зрачат со енергија, оптимизам и патриотизам.

Здравковски додаде  дека наредниот период ќе бидат посетени сите 18000 семејства во Велес, при што ќе бидат детектирани проблемите и ќе работат во функција на граѓаните.

Во новиот состав на општинскиот комитет, потпретседател ќе биде довчерашниот раководител на Вардарски плански регион Марко Колев, додека секретар на општинскиот комитет ќе биде Александар Каракачанов, кој е наставник по професија. Исто така членви во општинскиот се и претседателите на Унија на ветерани Ордан Ристовски, претседателката на Унијата на жени Весна Атанасовска, претседателот на Унијата на млади сили Никола Наков, како и координаторот на советничката група во Советот на општина Велес, Нада Трајкова. Други членови на општинскиот комитет се:

  • Невенка Ѓошева,
  • Маја Демирџиева,
  • Менче Андреева,
  • Елизабета Митревска,
  • Бојан Смилевски,
  • Тони Голубовиќ,
  • Горан Стојанов,
  • Томе Јаневски,
  • Даниел Јаневски,
  • Игор Стојанов,
  • Горан Наунчев,
  • Александар Јамалов,
  • Александар Стојанов,
  • Дејан Палашев,
  • Ѓорѓина Ристовска,
  • Снежана Бошевска,
  • Весна Јакимовска,
  • Весна Маркова,
  • Дарко Димитриевски,
  • Васко Гетов,
  • Зоран Јаневски,
  • Зоран Алексов и
  • Благој Папазов.

Ви го пренесуваме во целост статусот на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес, Игор Здравковски.

Формиран новиот ОК на ВМРО-ДПМНЕ во ВелесПочитувани сограѓани, после дадената доверба и мојот реизбор за претседател…

Gepostet von Игор Здравковски am Dienstag, 6. Oktober 2020