Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција изјави дека 15 јули е последен датум за избори. Тој додаде дека разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и тој бил согласен со овој датум.

Заев рече дека сите сме крајно свесни дека се наоѓаме во клучен момент за чекорите на нашата земја.

„Одговорност е да се изградат институции кои ќе работат со полн капацитет, потребна функционална влада, пред се за граѓаните. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни во справување со последиците“, додаде Заев.

Заев вели дека презема чекор за да им олесни на сите граѓани.

Заев рече дека среда ќе биде неработен ден за сите граѓани, а молкот ќе започне на 12 јули, додека болните и изнемоштените ќе гласаат 13 и 14 јули.

„Очекувам Мицкоски да потврди јавно дека прифаќа 15 јули да бидат изборите“ рече Заев.

Заев додаде дека е се побара од Пендаровски уште една вонредна за да се усогласи датумот за избор.