Полициски хеликоптер МИ-17 околу 11 часот и 45 минути се превртел на аеродромот Петровец, откако додека лебдел ниско над земјата околу 15 минути, под силен налет на ветер ја изгубил стабилноста и се превртел. Во него биле пет лица.

Сите кои се наоѓале во хеликоптерот се здрави и живи, и нема потешко повредени, само едно лице е со полесни телесни повреди, соопштија од МВР.