Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19.

Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба.

Јавноста по оваа бројка од 225 новозаразени лица прашува дали е можно во Македонија повторно да воведе карантин како мерка за заштита од ширење на вирусот?