Во текот на вчерашниот ден во 13.00 часот во СВР Велес, А.Д.(54) од Велес пријавила дека по кратка расправија со нивниот син, нејзиниот сопруг В.Д.(57) се оддалечил од домoт.

Тој во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Се работи на пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Велес.

Ова е втор ваков случај за месецов, откако минатата недела исчезна 30 годишен велешанец, кој се уште не е пронајден.