Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска и утре ќе направи инспекциски контроли во Велес, поради големиот број на новозаразени, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

– Ќе се направи надзор во неколку фабрики во Велес но и во други објекти каде што има потреба од инспекција и утре попладне ќе имаме увид за што станува збор за новодијагностицираните пациенти – рече Филипче.