На Инфективното одделение при Опшата болница во Велес поради зголемениот прилив на болни со Ковид-19,е зголемен капацитет за 11 легла, од постоечките 35 на 46 болнички легла. До крајот на неделава ќе се додадат уште осум легла преку оспособување на некои простории на ова одделение, информира, др Весна Неделковска Николава.

Добра вест, вели таа, е што денеска од ова одделение се испишани девет излекувани пациенти од Велес и од неколку градови од Повардарието кои се лекуваат во Велешката болница.

Вчера на ова одделение со 35 легла целосно беше пополнет бројот на кревети, поради што раководниот тим на ЈЗУ Општа болница Велес донесе одлука за дополнување на бројот на кревети.

Со денешното пуштање дома на девет излекувани пациенти моментално на одделението се лекуваат 26 пациенти од кои 24 позитивни на Ковид-19 и двајца сомнителни. Девет пациенти се на кислородна поддршка. Како што информира др Неделковска Николова, еден 41 – годишен пациент поради влошена состојба бил префрлен на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.