На многумина веќе им се познати воспитните мерки во Индија, каде полицијата со стапови ги тепа оние кои не се придржуваат до пропишаните одредби проитв ширењето на коронавирусот.

Но, тоа по се изгледа и натаму не е доволно за некои несовесни жители.

Затоа полициските службеници во една од индиските сојузни држави, решија да се обидат со поинаков пристап за решавање на проблемот, односно со метода на заплашување.

Оние кои се фатени дека го прекшуваат полицискиот час, службениците ги ставаат во комбе во кое се наоѓа пациент кој боледува од Ковид-19. Всушност, тоа е лажен пациент што не е навистина заразен, но на престапниците не им е познат тој детаљ.

Еден ваков случај, индиската полиција објави на својот официјален јутјуб канал.