Две лица кои престојувале во државен карантин во велешкиот хотел „Монтенегро“ се позитиви на КОВИД-19.

Тие се хоспитализирани во велешката болница. Лицата се вратени во Македонија од Брисел, заедно со уште 78 патници во авионот.

При нивното пристигнување, биле прегладани од дежурен доктор, и при прегледот било констатирано дека кај еден од лицата од хуманитарниот карантин имало покачена телесна температура, а додека кај двајца од нив сува кашлица и омалаксаност. Тие се пренесени на Инфективното одделние во општата болница во Велес, по што им биле земени брисеви за присуство на корона вирус