Пролетта е идеален период за да направите торта со јагоди. Рецептот за овој десерт е многу едноставен и нема да ви одземе многу време.

Потребни состојки:

За кора(подлога)

6 јајца

200 гр. шеќер

200 гр. брашно

50 гр. путер

80 мл млеко

Прашок за пециво

За фил

5 гр. желатин

200 гр. крем сирење

50 гр. шеќер

150 гр. шлаг

300 гр. јагоди

80 мл јогурт

За декорација

Розова боја за десерти

Јагоди

Начин на подготовка:

Во сад ставете 6 јајца, додајте 200 гр. шеќер и изматете ја смесата за да не биде пенлива.

Потоа додајте брашно, путер, млеко и прашок за пециво, (може малку и од розовата боја за готвење) и изматете. Испечете ја кората и поделете ја на 4 дела.

Во сад ставете крем сирење, 50 гр. шеќер, 80 мл јогурт. Кога ќе ги изматите состојките, додајте ги подготвениот шлаг и желатин.

Првата кора премачкајте ја со фил и додајте уште исчекани јагоди. Повторете ја постапката уште двапати. Кога ќе ја ставите последната кора премачкајте ја целата торта. Горниот дел од тортата декорирајте ја со јагоди и оставете ја во фрижидер. Тортата нека отстои половина час пред да ја дегустирате.