По објавената вест од состојба на улицата Богдан Каракостев во населбата Прцорек, пристигна видео материјал од состојбата во Потокот.

До нашата редакција пристигна видео за лошата состојба која настанала после краткотрајниот пороен дожд во населбата Поток. На познатото место меѓу велешани „кај Мите механичарот“ повторно се насобрало многу земја.

Жителите велат дека треба почесто да се чисти овој дел од градот од страна на јавното комунално претпријатие Дервен, бидејќи потокот носи многу ѓубре од горниот дел на ридот.

 

Жителите од потокот пред неколку недели исто така ни се пожалија дека игралиштето секогаш е полно со смет, но од надлежните сеуште нема никаква реакција.