Според неофицијалните податоци, во последното деноноќи во земјата се регистрирани 104 случаи на зараза со новиот коронавирус, од речиси половината се во Скопје, дознава Нетпресс.ком.мк

Како што е најавено министерот за здравство Венко Филипче денескa во 15,30 часот, ќе одржи прес-конференција на која официнално ќе соопшти за најновата статистика за коронвирусот во земјата.

Во последните речиси две седмици бројката на новозаболени е постојано во пораст и на дневно ниво бројките се трицифрени. Во истиот период, исто така, забележан е и зголемен број на смртни исходи во споредба со претходните месеци.