Потег за поздравување направи денес нашиот сограѓанин Димитaр Танев, кој му подари патики и неколку други работи на дете кое проси секојдневно на семафорите.

Леонардо го имам сретнато неколку пати низ Велес. Секој што го има сретнато и застанато со него може да потврди дека е најкултурното и учтиво детенце! Вчера додека седевме во парк ни пријде, приметив дека е босо и го прашав дали има патики а неговиот поглед ми кажа се! Наредниве неколку сториња се ставени само од една причина, да мотивираат секој да помогне на било каков начин затоа што и најмалата помош за некој може да значи многу ❤️

Gepostet von Dimitar Tanev am Dienstag, 2. Juni 2020