Ракот никогаш не е целосно среќен сè додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се заљуби секогаш размислува долгорочно.

Во потрага е за личност со која ќе гради дом и ќе основа семејство. Ракот несебично дава и исто толку многу бара. Желен е за внимание, сака да му се докажува љубовта, но секогаш возвраќа во иста мера.

Не ни помислува на изневерување како „метод“ за решавање на проблемот затоа што е лојален до самиот крај.

Сепак Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по верноста. Верноста е препознатлив знак и за следните знаци:
Бик – сигурен и стабилен.
Вага – има вроден копнеж за правда и чесност па сака хармонична врска.
Девица – чувствителна и „традиционална“ во љубовта.
Јарец – трпелив, ќе работи на врската колку и да е потребно.