Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат за грозоморен настан кој се случил во велешко село. Имено се работи за силување од страна на 80 годишен старец врз малолетничка. Случајот бил пријавен од мајката на малолетното девојче.

На 15.10.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес, 28 – годишна жена од велешко
пријавила дека В.Ч.(80) од велешко село извршил обљуба врз нејзината малолетна
ќерка. Се работи на расчистување на случајот.